ДАНЕЛА ПОВТОРНО МЕНУВА ДИРЕКТОРИ Арсовска досега смени скоро 50, а нови тројца се поставени во ЈСП, „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“
Во следниот период ќе се посветат на отстранување и надминување на предизвиците со кои јавните претпријатија се соочуваат континуирано во изминатите децении, унапредување на работата на претпријатијата и реализација на програмските активности и проектите“, информираат од Град Скопје.
На градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска никако да ѝ се погодат в.д. директорите кои таа ги именува, па во моментов објавени се огласи за избор на пет нови директори на јавни претпријатија.
Во речиси тригодишниот мандат на градоначалничката Арсовска сменети се околу 40 директори.
Од Град Скопје информираат дека со новата реконструкција на позиции во градските претпријатија се назначени нови директори и тоа на ЈСП Скопје Драги Кушовски, ЈП Паркови и зеленило Мартин Ангеловски и на ЈП Улици и патишта Ванчо Умленски.
„Кушовски, Ангеловски и Умленски доаѓаат на позициите како професионалци од приватниот сектор, со поединечни портфолија секој повеќе од 15 години работно искуство на раководни позиции. Во следниот период ќе се посветат на отстранување и надминување на предизвиците со кои јавните претпријатија се соочуваат континуирано во изминатите децении, унапредување на работата на претпријатијата и реализација на програмските активности и проектите“, информираат од Град Скопје.
Драги Кушовски е четвртиот директор на ЈСП „Скопје“ кој доаѓа на местото на Крсте Петревски кој лани во април го замени Александар Стојковски. Прв директор во ова јавно претпријатие кој го постави Арсовска беше Иван Илиевски.
Ванчо Умленски e новиот четврт директор на ЈП Улици и патишта, откако лани во април од оваа функција беше разрешен Саид Саид кој на оваа функција беше назначен два пати, а на негово место беше поставен Ќамил Ковачи.
Мартин Ангеловски исто така е третиот директор на ЈП Паркови и зеленило. До септември 2022 година со ова претпријатие раководеше Саид Саид, кој потоа беше заменет од Реџепи Зухејр, а тој пак со местото на Сефи Шабани.
Досега единствено директорите од редовите на Левица (на Градската библиотека Браќа Миладоновци и на Културно информативниот центар) останаа непроменети од почетокот на мандатот на Арсовска па се до денес.