„ЛИДЛ“ ГО ОТКУПИ ОБЈЕКТОТ „БРИКОЛАЖ“ ВО ГАЗИ БАБА Германскиот ланец супермаркети ќе почне да работи во 2025 година
Според информацијата доставена до Берзата, одлуката на Надзорниот одбор на „Скопски пазар“ за продажба на објектот била донесена на 18 април.
Германскиот ланец супермаркети „Лидл“ го откупи објектот „Бриколаж“, во скопската општина Гази Баба, кој беше во сопственост на „Скопски пазар“, за 9,5 милиони евра.
Според информацијата доставена до Берзата, одлуката на Надзорниот одбор на „Скопски пазар“ за продажба на објектот била донесена на 18 април.
„Лидл“ во јануари годинава започна со изградба на логистички и дистрибутивен центар во индустриската зона Речица, во близина на Куманово, кој треба да отвори нови 150 работни места, додека, пак, продавниците на „Лидл“ во Македонија треба да започнат со работа во 2025 година.
Германскиот гигант „Лидл“ е застапен во 30 земји во светот со 12.000 маркети и со 360.000 вработени.