ВО СДСМ НА 30 ЈУНИ ЕДЕН ГУБИТНИК ЌЕ СЕ ЗАМЕНИ СО ДРУГ Софија Куновска тврди дека партијата е на пат од кој нема враќање

Куновска тврди дека тоа изборот на нов лидер повторно е во режија на Заев и затоа смета дека внатрепартиските избори треба да се одложат на неодредено време.

3,819

Секогаш кога изнесував забелешки, пред себе имав верба дека ќе охрабрам уште некој да се спротистави на пропаста што ја живеевме и нема да ја пуштиме низ вода надежта на реки студенти и граѓани кои во 2016-2017 година маршираа низ улиците на градовите низ целата држава жедни за праведно и просперитетно општество“, пишува поранешната претседателка на скопската организација на СДСМ, Софија Куновска.

„За жал, тоа не се случуваше или барем не навреме. И затоа денес СДСМ е со 150.000 гласови доверба и историски дебакл. Сметките на голем дел функционери се дебели, а надежта на граѓаните многу тенка. СДСМ оди по пат од кој нема враќање, а тоа не е добро не само за СДСМ, туку пред се за државата“, пишува Куновска во постот на Фејсбук.






СДСМ може да заздравува и да го врати сонот за победнички патеки само со енергични, бистри и искрени луѓе неоптоварени од клиентелизам и дамки од минатото, децидна е соговорничката.

Во интервју за порталот Локално, прашана за кандидатите за лидери на партијата и дали може да се споредат со „тешкашите“ во СДСМ и поранешни шефови како Бранко Црвенковски, Владо Бучковски и Радмила Шекеринска, Куновска вели дека нема намера некого да глорифицира ниту пак да омаловажува.

– Фактите се немилосрдни и сведочат за следното: Во 2013 откако СДСМ загуби на локалните избори, новодојдениот претседател Зоран Заев и заменичката Шекеринска ги исчистија соработниците на претходниот претседател и пред органите на партијата побараа доверба за нивниот нов тим. Ја добија. Скандалозно беше дека имаше потпретседател на СДСМ од поранешната МААК на пример, но сепак тимот доби доберба. Кога пак Заев дојде на чело на владата во својот тим интегрираше поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ (Ден Дончев) инаку свој роднина, потписници на ВМРО-вските списоци на професорски контрапленум и блиски соработници на Груевски, како Рашковски и Филипче, кој беше и советник на тогашниот министер за здравство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров и други – објаснува поранешната пратеничка од редовите на СДСМ.

Според неа, на внатрепартиските избори на 30 јуни ќе се прави избор на кој еден губитник треба да се замени со друг губитник. Куновска тврди дека тоа е повторно во режија на Заев и оттаму смета дека внатрепартиските избори треба да се одложат на неодредено време.

Поврзани содржини