ХОРОР ВО ГРЦИЈА Албанец, возач на автобус силувал патничка

Инцидентот се случил во грчкиот град Аспропиргос. Девојката која е хоспитализирана поради обилно крварење веднаш по пристигнувањето во болница го пријавила силувањето во полиција.

1,352

Страшен инцидент ја вознемири грчката јавност откако е откриено дека  возач на автобус од компанија, Албанец по потекло, нападнач и силувал девојка кој со тој автобус одела на работа. Инцидентот се случил во грчкиот град Аспропиргос. Девојката која е хоспитализирана поради обилно крварење веднаш по пристигнувањето во болница го пријавила силувањето во полиција.

По пријавата, полицајците веднаш го пронашле осомничениот маж и го привеле на распит.






Како што пренесуваат грчките медиуми, девојката во раните утрински часови секој ден го чекала автобусот на компанијата со кој патувала на работа. Возачот и рекол дека автобусот е полн и дека не носи повеќе патници.

Тој понудил да ги однесе работниците на работа и да се врати да ја земе. Кога биле сами, ја искористил приликата, ја нападнал и ја силувал.

Немилиот настан се случил во комбе, во кое возачот ја ставил девојката, а потоа ја однел до напуштената локација. По ужасниот чин и рекол на девојката да се смири и ја однел на работа.

Девојката која била во шок, едвај се смирила и отишла во болница каде го пријавила силувачот и добила итна медицинска помош поради обилно крварење.

Инцидентот се случил во раните утрински часови минатиот понеделник.

Поврзани содржини