ИРСКА И НОРВЕШКА В СРЕДА ЌЕ ЈА ПРИЗНААТ ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА Израел обвини дека со тоа стануваат пиони на Иран и Хамас

Најмалку 140 земји ја признаа палестинската држава, според писмата испратени до Обединетите нации. Меѓу нив се 22-те земји кои ја сочинуваат Арапската група во ОН, 57-те земји на Организацијата за исламска соработка и Движењето на неврзаните, кое има 120 членки.

747

Владите на Ирска и Норвешка во среда ќе ја објават својата одлука за признавање на палестинската држава, пишуваат медиумите во тие земји.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе денеска изјави дека неговата земја ќе ја признае Палестина како држава од 28 мај, со што ги потврди пишувањата на медиумите. Исто така и Ирска минатата недела најави дека „сигурно“ ќе ја признае палестинската држава пред крајот на мај.






Лидерите на двете земји, вклучително и нивните премиери Сајмон Харис и Јонас Гахра Сторе, треба да одржат прес-конференции во среда наутро во Ирска и во Норвешка.

И шпанскиот премиер Педро Санчез денеска во шпанскиот парламент ќе го објави датумот на официјалното признавање на палестинската државност.

Ирска, Шпанија, Словенија и Малта, земји-членки на Европската унија, во последните недели изјавија дека имаат намера да ја признаат Палестина, тврдејќи дека решението со две држави е клучно за долгорочниот мир во регионот.

Израелското Министерство за надворешни работи објави видео порака до Даблин на социјалната мрежа Х за да предупреди на фактот дека „признавањето на палестинската држава ризикува да ве трансформира во пион во рацете на Иран и палестинското исламистичко движење Хамас“.

Најмалку 140 земји ја признаа палестинската држава, според писмата испратени до Обединетите нации, пишува Би-Би-Си.

Меѓу нив се 22-те земји кои ја сочинуваат Арапската група во ОН, 57-те земји на Организацијата за исламска соработка и Движењето на неврзаните, кое има 120 членки.

Велика Британија и Соединетите Американски Држави се меѓу земјите кои формално не ја признаваат Палестина како држава. Секретарот за надворешни работи Дејвид Камерон на почетокот на оваа година предложи Владата, заедно со нејзините сојузници, да „размисли за признавање на палестинска држава, вклучително и Обединетите нации“.

 

Поврзани содржини