ЗАГИНАТИТЕ ИМАЛЕ 27 И 49 ГОДИНИ Детали од сообраќајката на патот Радовиш-Штип

Единствена преживеана е сопатничката од „опелот“, на возраст од 41 година, која се здобила со тешки  телесни повреди.

1,453

Полицијата соопшти детали за тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на магистралниот пат Радовиш-Штип, а во која животите ги загубија две лица.

Од МВР информираат дека на местото на несреќата починале двајцата возачи од Радовиш кои управувале со возила „пасат“ и „опел“, од кои едниот имал 27 години, а другиот бил на 49-годишна возраст.






„Сообраќајна несреќа се случила помеѓу патничко возило ‘пасат’ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Л. (27) од Радовиш и патничко возило ‘опел’ со пробни регистарски таблички, управувано од Ж.Г. (49) од Радовиш. На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а смрт констатирал лекар од Здравствениот дом Радовиш“,соопшти МВР.

Единствена преживеана е сопатничката од „опелот“, на возраст од 41 година, која се здобила со тешки  телесни повреди.

„Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Радовиш“, велат од МВР.

 

фото: портал „Струмица денес“

Поврзани содржини