МОЛК ВО ШТАБОТ НА СДСМ Пендаровски води со мала разлика пред Давкова само во 2 општини
Силјановска Давкова води со над 136.000 гласови разлика пред Пендаровски.
Додека картата на Македонија се бои во портокалово, само во две општини води кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.
Тој води во Маврово – Ростуша со 923 наспроти 804 гласови за Гордана Силјановска Давкова. Пендаровски води во Крушево со 1.663 гласа, каде Силјановска Давкова има 1.447 гласови. Овие податоци се според обработени 75, 88 отсто од гласоите на ДИК.
Тотален молк владее во штабот на актуелниот претседател Стево Пендаровски. Откако портпаролката Богдана Кузеска се заблагодари на сите што гласаа, во СДСМ никој сѐ уште не излезе да коментира.
Силјановска Давкова води со над 136.000 гласови разлика пред Пендаровски.