ЗОШТО ТРУБАТ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ КОГА ТОА НЕ НОСИ ПОЕНИ? Пендаровски вели дека СДСМ му се става „на волеј“ на ВМРО-ДПМНЕ

Во политиката, практична, правило број еден е: ги зборуваш и ги форсираш оние прашања што ти носат поени, не оние на кои губиш, истакнува поранешниот претседател велејќи дека грешка на СДСМ била и иницијативата за Резолуција за црвени линии за спорот со Бугарија.

31

Добро е што СДСМ е за уставни измени, но зошто го силат тоа прашање во јавноста кога не им носи поени, вели поранешниот претседател на СДСМ Стево Пендаровски во интервју за 360степени.

– Во политиката, практична, правило број еден е: ги зборуваш и ги форсираш оние прашања што ти носат поени, не оние на кои губиш – истакнува Пендаровски откако претходно изјави дека и резолуцијата за црвени линии која СДСМ ја поднесе пред локални избори била „храна за пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ“.






Според екс-претседателот, македонскиот народ смета дека уставните измени ќе го загрозат идентитот токму поради, како што вели, пропагандата која ВМРО-ДПМНЕ ја водел 4-5 години наназад.

Поврзани содржини