142.000 ЕВРА ЌЕ ГО ЧИНАТ МЕПСО САЈБЕР НАПАДИТЕ ОД ПРЕД 2 МЕСЕЦА Државната компанија ќе прави анализа на доказите и ќе ги враќа податоците во датотеките

Нападот во МЕПСО кој траеше 3 дена го извршија 2 хакерски групи, но брзата реакција на ИТ експертите од приватниот сектор спречи државната компанија да плаќа откуп за податоците.

257

Речиси 142.000 евра (8,764 милиони денари) ќе плати државната МЕПСО за справување од последиците од сајбер нападот од пред речиси 2 месеци, без сревисирање на веб- страницата.

Фирмата ЦПП Услуги со која МЕПСО ја ангажирал без објавување јавен оглас во постапка на преговарање треба да  подготви анализа на дигитални докази и форензика, но и да ги врати  податоци од датотеките кои беа цел на сајбер нападот.






Според договорот за јавната набавка објавена на Електронскиот систем за јавни набавки склучен пред 3 денови одговорот по сајбер безбедносниот систем и анализата ќе чини 1,6 милиони денари со пресметан ДДВ,  додека пак враќањето на податоците од датотеките ќе чини 7,05 милиони денари исто така со пресметан ДДВ.

ЦПП Услуги има рок од една година да ги заврши обврските.

Нападот во МЕПСО кој траеше 3 дена го извршија 2 хакерски групи, но брзата реакција на ИТ експертите од приватниот сектор спречи државната компанија да плаќа откуп за податоците.

 

Поврзани содржини