ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ИТАЛИЈА Сè уште трае потрагата по шест лица
Во експлозијата во хидроцентралата во близина на Болоња што се случи попладнево, повредени се три лица, а шестмина се водат како исчезнати.
Три лица загинаа во експлозија во хидроцентрала во близина на Болоња, јави АНСА, повикувајќи се информации од локалните власти.
Во инцидентот се повредени три лица. Шестмина се водат како исчезнати, според ажурираните бројки.
Италијанските медиуми претходно јавија дека кај браната на езерото Сувијана, која се наоѓа меѓу Болоња и Фиренца, попладнево околу 15 часот дошло до силна експлозија.
Портпаролот на компанијата „Енел Грин Пауер“ соопшти дека имало пожар на трансформаторот и посочи дека ги преземале сите безбедносни мерки за евакуација и заштита на персоналот.