ГО НОСЕЛ НА СТРЕЛИШТЕ?! Новинарот Фуркан Салиу со нова верзија за тоа како се нашол неговиот пиштол во автомобилот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешниот прес се соочи со Фуркан Салиу, а на тврдењето на новинарот дека не нападнал никого, министерот му рече: „Лажете. Јас друго видов на камерите!“

914

Секој викенд одел на стрелиште. Затоа пиштолот бил во неговиот автомобил и за време на фудбалскиот натпревар во Долно Коњаре, кадешто се случил инцидентот, по кој новинарот Фуркан Салиу од Порталикс беше приведен во полициска станица, а по неколку часа беше пуштен на слобода.

Нејасно е зошто дури сега Салиу го спомнува стрелиштето. Во изјава за ТВ Сител, на прашањето зошто носел со себе пиштол, новинарот изјави дека секој ден оди на стрелиште и дека тоа го планирал и по фудбалскиот меч во Долно Коњаре.






– Преку адвокат уште утре ќе поднесам поднесок до внатрешната контрола на МВР, особено за делот на отворањето на моето возило без мое присуство и без судски налог. Како знаеле дека е тоа моето возило? Како знаеле дека јас имам пиштол и дека секој викенд одам на стрелиште? Доказ дека одам на стрелиште може да се најде во стрелиштето каде се запишува и потпишува секој поединец. Го искористија моментот за да ми „вратат“ за прилозите кои што ги објавив на Порталикс, а кои се однесуваат на лажните анкети – изјави Салиу за ТВ Сител.

Да потсетиме. Фуркан Салиу беше приведен под сомнение дека нападнал полицаец од Единицата за брзо распоредување, а во неговото возило бил пронајде пиштол, за кој ден по инцидентиот е соопштено дека бил со рамка полна со куршуми.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешниот прес се соочи со Фуркан Салиу, а на тврдењето на новинарот дека не нападнал никого, министерот му рече:

– Лажете. Јас друго видов на камерите!

Јавноста е во очекување на снимките од инцидентот, а за начинот на кој Салиу го чувал својот пиштол веќе е јасно – огненото оружје не смеело да се чува и да се транспортира на таков начин, макар и на стрелиште.

 

Поврзани содржини