СЕ СНИМА „МАТРИКС 5“ Сестрите Вачовски не го режираат овој дел, еве кому му припадна честа

„Матрикс 5“ ќе биде првиот филм од серијалот кој не е режиран од Лана или од Лили Вачовски.

341

Aмериканското филмско студио „Ворнер брос“ објави дека се подготвува снимањето на петтиот дел од серијалот „Матрикс“.

„Матрикс 5“ ќе биде првиот филм од серијалот кој не е режиран од Лана или од Лили Вачовски.






Сценаристот на „Марсовец: Спасувачка мисија“ Дру Годард ќе го напише и ова сценарио, ќе режира и ќе продуцира со неговата колешка Сара Есберг. Лана Вачовски е вклучена како извршен продуцент.

Сѐ уште не се знае кој од досегашните главни ѕвезди на „Матрикс“ – Кијану Ривс и Кери-Ен Мос – ќе ја повтори својата улога и ќе им се придружи на Јахја Абдул-Матин Втори, Џонатан Гроф, Нил Патрик Харис и Пријанка Чопра Џонас кои веќе го потпишале своето учество.

Годард беше номиниран за Оскар за пишувањето на „Марсовец: Спасувачка мисија“ научно-фантастична сага во режија на Ридли Скот и со Мет Дејмон во главната улога.

– Не е претерано да се каже дека филмовите „Матрикс“ го променија киното, а и мојот живот. Извонредната уметност на Лана и на Лили ме инспирира секој ден и сум неизмерно благодарен за можноста да раскажувам приказни во нивниот свет – изјави Годард.

Филмската приказна за „Матрикс“ почна 1999 година и се претвори во еден од највлијателните научно-фантастични серијали во историјата на филмот.

Следеа 3 продолженија: „Матрикс 2: Повторно наполнет“ (The Matrix Reloaded) и „Матрикс 3: Револуции“ (Matrix Revolutions) од 2003 година, па „Матрикс 4: Воскреснувања“ (The Matrix Resurrections) од 2021 година.

Последниот четврти дел заработи само 159 милиони долари ширум светот наспроти буџетот од 190 милиони долари.

Поврзани содржини