СЕЧЕЛ ГУМИ НА АКТИВИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО РОСОМАН Лице блиско до градоначалникот од СДСМ оштетило возила
Ние не се плашиме и на сите ќе им порачам дека ќе одговараат од прв до последен, порача Николоски пред присутните.
Додека граѓани и активисти на ВМРО-ДПМНЕ одржувале состанок во Општинскиот комитет на партијата во Росоман, некој им ги исекол гумите на автомобилите. Како што пренесува потпретседателот на партијта Александар Николоски, станува збор за лице блиско до градоначалникот од СДСМ и дека веќе било повикано во полиција.
– Претпоставувам дека тоа е начин на кој сакаат да нè заплашат, можеби сметаат дека ќе се спасат од одговорност за криминалите што ги прават. Ние не се плашиме и на сите ќе им порачам дека ќе одговараат од прв до последен – порача Николоски пред присутните.
Тој додаде:
„Кај ВМРО-ДПМНЕ насилство и заплашувања не поминуваат! Ќе ве победиме, а потоа сите ќе одговарате за криминалот и корупцијата во кој сте навлезени. Нема попуштање.“