DINERS CLUB МАКЕДОНИЈА СЛАВИ 30 ГОДИНИ Јубилејната година ќе се одбележи со мотото „Кога повеќе значи повеќе“

379

По 3 децении постоење на пазарот, под мотото „Кога повеќе значи повеќе“, Diners Club денеска го претстави своето лого по повод јубилејот и воедно најави многубројни изненадувања, промоции и награди кои следуваат и ќе се случуваат до крајот на годината, а ќе бидат наменети за сите постоечки и нови членови. Во склоп на јубилејната година од компанијата најавија и бројни хуманитарни активности и проекти од општествено-одговорен карактер.

Diners Club картичката е првата достапна кредитна, а воедно и платежна картичка во земјава. Уште од 1994 година, кога всушност е основана компанијата Diners Club Македонија, па сѐ до денес, Diners Club постигна континуиран и стабилен раст. Во Македонија, со Diners Club кредитната картичка може да се плаќа во повеќе од 5.000 продажни места и преку 7.540 POS-терминали. Компанијата нуди богато портфолио на производи и услуги со 24/7 корисничка поддршка за своите членови, а како дел од мрежата на Discover е признаена и прифатена на повеќе од 50 милиони продажни места и повеќе од 1,2 милиони банкомати низ светот. Приказната за Diners Club започнува со заборавен паричник и пионер кој видел непознат свет кој чека да биде истражен, а со тоа Diners Club станува првата повеќенаменска картичка за наплата во светот. Наредната година оваа успешна приказна на интернационално ниво ќе одбележи 75 години од основањето.






– Од првиот склучен договор во 1994 година, и првата издадена картичка во 1996 година, нашата визија беше и сѐ уште е да бидеме прв избор кај потрошувачите, да им понудиме многубројни олеснителни околности при купувањето и плаќањето на предмети и услуги во земјата и во странство. Се стремиме да ја развиваме нашата мрежа на продажни места на глобално ниво, унапредување на картичките во чип-картички, и редовно ажурирање на нашата платформа и апликација за да обезбедиме уште подобро и понепречено искуство на нашите членови. Diners Club е повеќе од само картичка, Diners Club е чувство на сигурност, припадност и емоција, а сите оние кои се со нас во овие 30 јубилејни години знаат дека секогаш се стремиме да понудиме повеќе за нашите партнери и членови. Кога повеќе значи повеќе! – изјави Божидар Јанковски, извршен директор на Diners Club Македонија.

Успешната приказна на Diners Club Македонија продолжува да се пишува, со уште поголем мотив за сите идни предизвици, нови искуства, напредок и проширување, а сè во фокус на обезбедување извонредна услуга на партнерите, соработниците и членовите.

 

Поврзани содржини