ЛУКСУЗЕН ШВЕРЦ НА МИГРАНТИ СО „ПОРШЕ“ Скопјанец возел 6 лица од Кина, бегајќи од полицијата удрил во канделабра

Двајца од Кинезите биле пренесени во болницата во Гевгелија за укажување лекарска помош.

301

Полицијата на автопатот „Пријателство“ во близина на Гевгелија го приведе 24-годишниот Ќ.Ш. од Студеничани бидејќи во своето возило „порше“ превезувал шест мигранти од Кина.

„На даден знак за запирање од полициските службеници, Ќ.Ш. не го запрел возилото и продолжил со движење, по што изгубил контрола и удрил во канделабра, во близина на бензинска станица“, информираат од МВР.






Оттаму додаваат дека во возилото се пронајдени шест лица од Кина, а двајца од нив биле пренесени во болницата во Гевгелија за укажување лекарска помош.

„Поради постоење на основи на сомневање дека Ќ.Ш. сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ по чл.418-б ст.2 од КЗ, тој е лишен од слобода, известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје, по чии насоки ќе биде поднесена кривична пријава“, велат од МВР.

Поврзани содржини