ФЕЈСБУК, ИНСТАГРАМ, ГУГЛ… Паднаа во цел свет

Портпаролот на компанијата „Мета“, Енди Стоун, во објава на социјалната мрежа X напиша дека се работи на решавање на проблемот, не давајќи дополнителни информации.

443

Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм паднаа на глобално ниво, вклучувајќи ја и Македонија, при што корисниците не можат да влезат во своите профили. Проблемите се појавија после 16 часот денеска попладне.

На корисниците на Фејсбук им се прикажува дека се одјавени од профилите и не можат повторно да се регистрираат, додека на Инстаграм не работи таканаречениот фид.






Паднати се и дел од сервисите на Гугл.

Според првичните информации, се работи за поголем глобален проблем на којшто во моментов се работи.

Не работи ниту апликацијата Месинџер.

Портпаролот на компанијата „Мета“, Енди Стоун, во објава на социјалната мрежа X напиша дека се работи на решавање на проблемот, не давајќи дополнителни информации.
Поврзани содржини