ЗА ВУЧИЌ ТАЈВАН Е КИНА „И ТОЧКА“! На Кина ѝ останува да реши што ќе прави во врска со тоа

Кина и Тајван имаат посебни влади од завршувањето на граѓанската војна во 1949 година.

438

Претседателот на Србија Александар Вучиќ за државната кинеска глобална телевизиска мрежа ЦГТН изјави дека Тајван е кинеска територија и Пекинг треба да реши што ќе прави со тоа.

Вучиќ во интервјуто за ЦГТН на прашањето за Тајван кажа дека за одговор не му требаат повеќе од десет секунди:






– Тајван е Кина, а на вас останува што, кога, како ќе направите. Точка – рече Вучиќ.

Пекинг го смета Тајван за своја одметната провинција, додека Тајван се смета за суверена држава.

Во интервјуто на англиски јазик Вучиќ истакна дека политиката на Србија е „Една Кина“ и дека така ќе биде во иднина.

Тоа е ваша територија, тоа е ваш народ, вие сте суверена нација, сами носите одлуки. И секогаш ќе имате поддршка од српскиот народ. Тоа е така“, додаде српскиот претседател.

Србија ја има поддршката од Кина во меѓународните организации и институции за непризнавање на Косово како држава. Косово во 2008 еднострано прогласи независност од Србија која Белград не ја признава.

Кина и Тајван имаат посебни влади од завршувањето на граѓанската војна во 1949 година.

 

Поврзани содржини