„НЕМА ДА ЗАПРАМ ТУКА, ЌЕ ОДАМ ДО КРАЈ“ Судот ѝ го врати синот на Северина

Не очекував дека Судот во Сплит толку бргу ќе ја донесе новата одлука, зашто досега, во мојот случај, односно во случајот на моето дете се одеше бавно, многу навреди и корупции, рече Северина.

584

Само дваесет дена по одлуката на Врховниот суд, кој ја прифати ревизијата и ја поништи одлуката на Жупанискиот суд во Сплит поврзана со заедничкото старателство на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ над нивниот син, а старателството целосно му го врати на таткото, повторно се случува пресврт, пишува „Слободна Далмација“.

Според изворите на хрватскиот медиум, на седницата одржана на 6 февруари годинава, Жупанискиот суд во Сплит практично ја повторил претходната конечна одлука според која таткото и мајката на 12-годишното момче се обврзани „родителската грижа да ја спроведуваат заеднички и еднакво“.






Поради оваа одлука се огласи и хрватската пејачка.

– Не очекував дека Судот во Сплит толку бргу ќе ја донесе новата одлука, зашто досега, во мојот случај, односно во случајот на моето дете се одеше бавно, многу навреди и корупции – рече Северина.

– Сплитскиот суд повторно донесе пресуда како во 2021 година, половина-половина, добро се вратија на тоа, се е подобро од двапати неделно по четири часа, но нема да застанам на тоа – ќе одам до крај. Ќе барам самостално старателство и сигирно ќе продолжам да се борам за сите жени, односно за нивните деца, со кои системот си игра, кои се жртви на системот и на институциите, моќни и немоќни жени – додава пејачката.

Адвокатката на Северина Вучковиќ, Јасминка Билош, гостуваше во Дневникот на телевизија Н1, каде ја прокоментира одлуката на Жупанискиот суд во Сплит, кој ѝ го врати старателството на хрватската пејачка.

Сега Северина заедничко старателство над нејзиниот син Александар, кое ќе го дели со нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ.

– Многу сме задоволни што одлуката беше донесена брзо, бидејќи секое чекање ќе ја пролонгираше агонијата. Таа брзина е задоволителна и одлична. Би било одлично да се положат за толку кратко време по секој предмет – рече Билош и продолжи:

– Таа одлука не е она што го побара Северина во таа постапка, ниту е она што го бараше спротивната страна. Всушност, тоа е преиспитување на одлука која е донесена во 2019 година, па поапсурдно е да се разгледуваат некои одлуки и правни мислења и заклучоци кои се донесени многу одамна. Во меѓувреме се сменија многу работи и околности, кои сега се актуелни, но не можат да се применат во времето кога беа донесени. Но, таа е многу среќна што овој дел е запечатен и може да продолжи понатаму“.

Според адвокатката, тоа што овој случај трае толку долго е „катастрофално“.

Поврзани содржини