МАСК ЈА БЛОКИРАШЕ ВДОВИЦАТА НАВАЛНИ, ПА СЕ ПОПИШМАНИ! Сопругата на Алексеј повторно е онлајн
Според некои корисници на Икс профилот на Јулија бил направен вчера, а првата работа која била објавена на него било нејзиното видеобраќањето, како и обраќањето на мајката на Навални до Путин.
Неколку западни медиуми пренесоа дека сметката на вдовицата на рускиот опозиционер Алексеј Навални е блокирана на социјалната мрежа Икс. На Икс осамнаа фотографии од профилот на Јулија Навалнаја каде пишува дека сметката е суспендирана.
Сепак, набрзо потоа, некои корисници на Икс објавија дека профилот е повторно достапен објавувајќи фотографии. Веста набрзо се прошири, па медиумите ја дополнија веста. Во моментот профилот на Јулија е сочуван.
Според некои корисници на Икс профилот бил направен вчера, а првата работа која била објавена на него била видеобраќањето на Јулија, но и на мајката на Навални, Људмила.
The account of Yulia Navalnaya (@yulia_navalnaya) is back up!!
Everyone follow her. ❤️🇷🇺 pic.twitter.com/KLgyH6OH0B
— Mike Galsworthy (@mikegalsworthy) February 20, 2024