Секој од нас барем еднаш во животот се соочил со реновирање на стан, градба на куќа или само мала, но итна поправка во домот. Дури и ако се работи само за реновирање на бањата или за средување на детската соба, повеќето луѓе таквите ситуации ги доживуваат како стресни и комплицирани, што и не мора да биде така.
Исто така, сите сме биле соочени со прашањето како да најдеме мајстори кои добро, брзо и по разумна цена ќе ја извршат работата. Во такви ситуации обично ги прашуваме пријателите, роднините, со часови пребаруваме по интернет, загрижени, дали воопшто може да му се верува на некој мајстор… Сосема е нормално да си ги поставите сите овие прашања, иако можеби не знаете како да одговорите. Ако не сте многу запознаени со професијата или ако не сте вработени во некој од градежните сектори, постојат толку многу „ситни“ детали, што изгледа невозможно да ги совладате.
Daibau.mk е веб платформа со база на податоци од изведувачи на градежни работи, даватели на услуги за сите видови на работа. Главната цел е да се изберат и понудат корисни информации и контакти на корисниците на едно место, за процесот на реновирање или градба да биде што е можно поедноставен, да се одвива без проблеми, а нарачателите, од друга страна, да бидат целосно растоварени.
Платформата Daibau.mk, всушност, функционира како личен советник, со чија помош, врз основа на споредување, можете го да изберете најдобриот давател на услуги, бесплатно, врз основа на ваша лична проценка, со што ќе го добиете најдобриот и најсоодветниот мајстор за одредена работа.
Системот се заснова врз принципот на евалуација и коментари за кои корисниците ги даваат за начинот и квалитетот на работата на изведувачот, се разбира, откако ќе се заврши работата. Со тоа се овозможува воспоставување транспарентност, чесност и пред сѐ квалитетна реализација, бидејќи изведувачите мора да вложат максимални напори доколку сакаат да бидат добро оценети на платформата. Лоша оцена или негативен коментар значи и лош публицитет за нив – што секако не го сакаат. Корисник на порталот, г-дин Милевски, рече дека смета дека „услугите што ги нудиме се повеќе од добри, бидејќи во голема мера ја олеснуваат работата и заштедуваат време.“ Без разлика каков занаетчија ви треба, системот за понуда и побарувачка на Daibau.mk е дизајниран така што при пребарувањето идеални изведувачи за вас, секогаш се земаат предвид сите ваши желби и барања, како што се ценовниот опсег, видови на работа, рокови, локации…
Од причина што оценувањето на изведувачите се заснова врз искуството на бројни корисници на платформата, шансите за ваквите оценки да бидат објективни, се сосема реални и преставуваат објективна слика за вистинскиот квалитет, брзина на изведба, како и трошок за одредена работа. Ваква оценка и препорака е многу поточна од поодделни искуства на пријател, кој ви препорачал некој мајстор што го познава. Овој метод на работа, од друга страна, на квалитетните изведувачи им овозможува повеќе работа.
Покрај тоа што платформата ви овозможува едноставно пребарување и стапување во контакт со понудувачите, го олеснува и го прави поефикасно управувањето со вашите финансии, како и распоред на работите. На едно место можете да најдете мајстори за било која градежна работа: за сува монтажа, варосување ѕидови, за монтажа на електрични инсталации, столарија, монтажа на клима и така натаму и така натаму.
– Нашата основна цел е да обезбедиме сосема поинакво и различно искуство при градење и реновирање на домот, за разлика од она на што сте навикнати и што се смета за нормално. Замисливме искуство кое не е обележано со стрес и анксиозност, туку со безгрижност, едноставност, сигурност и чесност – со еден збор, со задоволство и уживање уште пред започнување на работите, за време на нивна реализација и, нормално, по завршување на реновирање, обнова или градба – велат од платформата.
За оние кои сѐ уште не одлучиле што би сакале, тука е и списанието Даибау, кое ви нуди практични и современи совети.
Daibau.mk ви дава поголема контрола врз целиот процес на работи, од почетното барање изведувачи до завршување на работата. Следниот пат кога ќе помислите на некакво реновирање, ќе знаете кому да се обратите, за да имате што побрз и полесен процес на реновирање. Сите сакаме да уживаме во уреден дом, а ништо друго не мноси поголемо задоволство и безгрижност од мислата дека постои интернет платформа, со чија помош, било кое опкружување може да стане убаво место за живеење.
Веќе не постои причина за одложување на вашето реновирање или градба, слободно може да ги препуштите работите на вистински професионалци.