📷 🎥 ОДИ СОПРИ ГО! Ракометниот Шекил од Конго на Африканскиот куп на нациите со уште некое кило плус
Ракометниот репрезентативец на Конго, Тјери Готије Мвумби со својата појава стана сензација и на Африканскиот куп на нациите што се одржува во Египет.
Корпулентниот пикер на ракометната репрезентација на Конго, Тјери Готије Мвумби со својата појава стана сензација и на Африканскиот куп на нациите што се одржува во Египет.
View this post on Instagram
„Ракометниот Шек“, прекарот што го доби конгоанскиот пикер по настапот на СП 2021 и пријателството со легендарниот Шекил О’Нил, во меѓувреме качил уште некое кило, па сега на противничките играчи им е уште поголем проблем да го сопрат.
View this post on Instagram
Тиери Готие Мавумби беше вистинска атракција кога прв пат се појави на голема сцена со репрезентацијата на Конго, на Светското ракометно првенство во 2021 година во Египет. Неговата појава, но уште повеќе бројките со кои беше пријавен привлекога внимание воп јавноста и Мавумби често беше на насловните страници. Корпулентниот конгоански ракометар на Сп 2021 официјално беше пријавен со тежина од 89 килограми, сепак тоа подоцна беше коригирано и репрезентативецот на Конго на официјалниот сајт имаше 110 килограми.
View this post on Instagram
Мвумби е роден во Франција, но одбра да игра за Конго и имаше неколку забележителни настапи на СП 2021. Ракометниот Шек постигна 4 гола против Данска, а против Бахреин беше избран за играч на мечот, иако на теренот мина само девет минути. Вишокот килограми за Мвумби не се пречка да напредува во професионалната кариера. Напротив тој добро знае да ја искористи својата тежина во борба со противниците, а и да профитира од популарноста.
View this post on Instagram
Конгоанскиот ракометар во Франција настапуваше за неколку нисколигаши, а по настапот на СП 2021, потпиша за Детроит и се пресели во САД, каде го запозна легендарниот Шекил O’Нил и стана ракометен Шек.