ЕВЕ РАБОТА ЗА ОБУЧЕНИТЕ ВО АВИОПРЕВОЗОТ Германска „Луфтханза“ ќе вработи 13.000 работници
Годинава компанијата бара 3.500 кабински персонал, 1.000 екипаж во пилотската кабина, 3.000 технички и 1.000 ИТ специјалисти.
Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ објави дека годинава има намера да отвори околу 13.000 работни места.
По продажбата на угостителската филијала LSG, концернот вработува околу 95.000 луѓе низ светот.
Годинава бара уште 3.500 кабински персонал, 1.000 екипаж во пилотската кабина, 3.000 технички и 1.000 ИТ специјалисти.
Компанијата речиси иста бројка на нови вработувања имаше и лани.