ШВАРЦЕНЕГЕР ПРИВЕДЕН НА АЕРОДРОМ ВО МИНХЕН „Ти можеш да одиш, но твојот часовник останува“

Во моментов е во тек кривична постапка за можно даночно затајување - изјави портпаролот на царината.

6,016

Славниот актер Арнолд Шварценегер бил приведен од царинските службеници на аеродромот во Минхен денеска (среда) затоа што не пријавил луксузен часовник што го носел додека патувал за Австрија, потврди портпаролот на царината за Си-би-ес Њуз.

76-годишниот Шварценегер бил задржан три часа на аеродромот во Германија. Холивудската ѕвезда и поранешен гувернер на Калифорнија планирал да го продаде часовникот на аукција на неговата хуманитарна организација во Кицбил, Австрија.






Според соопштението, Шварценегер треба да се појави на настан за собирање средства за Климатската иницијатива на Шварценегер, која поддржува климатски проекти низ целиот свет.

Од актерот никогаш не било побарано да пополни формулар за декларација, рекол изворот. Тој се обидел да ги плати даноците за часовникот на аеродромот, но машината за кредитни картички не работела, рече изворот.

Шварценегер потоа бил донесен на банкомат за да подигне пари, но лимитот бил пренизок, а потоа банката била затворена, па цариниците конечно донеле машина за кредитни картички што работела, вели изворот.

Откако часовникот ќе биде ставен на аукција, рече изворот, Иницијативата за климата на Шварценегер соодветно ќе го пријави, како што прават сите непрофитни организации на Арнолд.

Се очекуваше на Шварценегер да му биде дозволено да го продолжи своето патување, но „часовникот веројатно ќе мора да остане“, изјави портпаролот на царината Томас Мајстер за агенцијата Франс прес.

Часовникот е изработен по нарачка за Шварценегер од луксузниот швајцарски производител на часовници Аудемарс Пиже (Audemars Piguet), објави Билд.

– Во моментов е во тек кривична постапка за можно даночно затајување – изјави портпаролот на царината.

 

 

Поврзани содржини