ВНУК ОД СНАА НА БРАТУЧЕДОТ НА ЧИЧКО МУ Нецелосен список на семејните вработување во М-НАВ објави ВМРО-ДПМНЕ

Дали Ковачевски кога вели „има до трето колено вработувања од исто семејство во М-НАВ“ мисли на Љупчо Николовски, чиишто чичко, братучед и внук се вработени во М-НАВ? - праша партискиот портпарол Наум Стоилковски.

1,348

„СДСМ и ДУИ М-НАВ го претворија во дувло за вработување со најсуров партиски бандитизам. Премногу случајности не се случајни, како што вели Димитар Ковачевски, туку тоа е партизација, непотизам, кронизам односно корупција со вработувања во М-НАВ!

Ова денеска го изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.






„Кога Димитар Ковачевски вели дека во М-НАВ, цитирам, има до трето колено вработувања од исто семејство, дали при тоа мислеше на неговиот министер Љупчо Николовски? Според информациите сега, во М-НАВ е вработен негов внук, а според признанието на самиот Николовски, во 2018 година таму се вработени и чичко му и братучед му!“, рече Стоилковски.

„Семејната фирма на СДСМ и на ДУИ, М-НАВ, е претворена во дувло за партиски и роднински вработувања, зад коишто стои партискиот бандитизам“, тврди ВМРО-ДПМНЕ и објавува нецелосен список на такви вработувања.

  • Бујар Османи вработил сестра;
  • Артан Груби- снаа;
  • Ејуп Алими (експратеник на ДУИ) – две снаи и син;
  • Беким Незири (притворен како предводник на групата тепачи) – внук.

„Јавноста памети дека од 2018 континуирано алармираме за партиски вработувања во М-НАВ, за:

  • син на директор на социјалните фондови;
  • внук на директор на телекомуникациски оператор;
  • Ветон Кадри, син на пратеничката Шпреса Кадри;
  • Антонио Кочовски зет на тогаш првиот човек на СДСМ од Охрид, Лазе Танески,
  • роднина на екс-министерот Горан Сугарески;
  • за претседател на УО на М-НАВ беше поставен Николче Тасески, зет на екс-министерката Рената Дескоска.
  • таму е вработен и синот на Стевчо Јакимовски
  • вработена е и братучетка  на екс-министерката Јагода Шахпаска од СДСМ.

„Потсетуваме дека во 2018-тата информираа дека затоа што не прифаќаа и трпеа притисоци и беа сменети членови на комисијата во М-НАВ, се до вработувања на партиските кадри. Ама тогаш во М-НАВ не влезе трудова инспекција“, рече Стоилковски.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека „се случи бандитизам во М-НАВ, затоа што партиските банди се научени агенцијата да служи за вработување на партиски кадри иако немаат врска со потребите на М-НАВ“.

Поврзани содржини