„ВО СРБИЈА СЕ СПРЕМА МАЈДАН“ Контроверзниот д-р Несторовиќ вели дека протестите во Белград се како настаните од 2000 година
Ова е како мерач на пулсот, Мајдан ќе се случи наскоро, вели д-р Несторовиќ.
Најголемото изненадување на изборите во Србија, а според некои и „победник“, д-р Бранимир Несторовиќ, лидерот на движењето „Ние – глас од народот“, во изјава за српски Курир ги осуди вечерашните инциденти на опозицијата во Белград.
– Иронично, коалицијата „Србија против насилството“ се обидува насилно да дојде на власт. Со недели зборувам за сценариото на Мајдан. Можете да ја видите истата шема, логото на движењето е стилизирана тупаница, логото на АНТИФА – изјавил Бранимир Несторовиќ и додал:
– Ова е како мерач на пулсот, Мајдан ќе се случи наскоро.
Да потсетиме, група демонстранти, предводени од претставници на опозицијата, вечерва се обидоа насилно да влезат во Градското Собрание на Белград. Откако го скршиле стаклото на вратата, тие биле приведени од полициски сили на влезот во зградата. Демонстрантите фрлиле факели во зградата, а биле пронајдени и канистри со непозната течност. Како што пренесува „Блиц“, 30 лица се уапсени поради предизвикување нереди, а повредени се полицајци.
Вчера Несторовиќ денеска на вонредна прес-конференција на движењето „Ние – гласот на народот“ изјави дека нема да коалицираат со никого и дека ќе ги чекаат конечните резултати од изборите или „изборите нека се повторат“. Тој доби 13 мандати на републичко ниво и може да се очекува дека неговата партија ќе одлучува при формирање на новата влада.
Иако е ценет алерголог, пулмолог и професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Белград, Бранимир Несторовиќ важи за контроверзна личност, пред сѐ поради неговите изјави во медиумите, кои во најмала рака може да се сметаат за бизарни и едноставно да ве натераат да помислите дека Несторовиќ можеби се „шегува“.
Тој го привлече вниманието на јавноста на самиот почеток на пандемијата на корона вирусот во Србија, кога на прес-конференција на која зборуваше и претседателот Александар Вучиќ изјави дека корона вирусот е „најсмешниот вирус што постои на Фејсбук“.
Една од често цитираните изјави на Несторовиќ е онаа за тоа како луѓето со светли очи се потомци на вонземјани, кои се пареле со жени пред 9.000 години.
Несторовиќ влезе во политиката во 1990-тите кога беше член на Српското движење за обнова и учествуваше во демонстрациите против Слободан Милошевиќ. По промените на 5 октомври премина во Демократската партија.