ИДЕНТИФИКУВАН НАПАЃАЧОТ ОД ПРАГА Масакрот на факултетот не бил единственото злосторство кое денеска го извршил

Пред да го изврши масакрот тој го убил својот татко во семејната куќа во селото Хостоун во Кладно. Мотивот за пукањето уште не е јасен.

1,093

Студент на Филозофскиот факултет по име Давид Козак бил напаѓачот кој уби најмалку 10 лица и рани најмалку 24 во зградата на факултетот во центарот на Прага, соопшти чешката полиција. Но, пред да го изврши масакрот тој го убил својот татко во семејната куќа во селото Хостун во Кладно. Мотивот за пукањето уште не е јасен.

– Нема индикации дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам – изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракусан на прес конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет.






Полицијата објави дека Козак бил ликвидиран на местото на настанот. Бил вооружен. Полициските екипи, заедно со вештаците и пиротехничарите уште се на местото на настанот и истражуваат.

Порталот tn.cz  напиша дека бројката на жртви се зголемила на повеќе од 15 лица. Порталот објави фотографија од вооружен маж во темна облека на покривот на зграда. За време на масакрот, според порталот, од местото се слушнала и експлозија. На инцидентот се упатиле пет спасувачки екипи, двајца лекари и специјално возило „Феникс“.

📽️ ХАОС ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА ПРАГА Цела зграда се евакуира поради пукање, бројот на жртви непознат, десетици се повредени

 

 

 

Поврзани содржини