🎥 СЕЈШЕЛИ ПРОГЛАСИЈА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА Стотина луѓе се повредени во експлозија во индустриска зона

Во експлозијата е оштетен и меѓународниот аеродром на островот Махе.

407

Во Сејшели е прогласена вонредна состојба по големата експлозија во индустриска зона на главниот остров Махе. По експлозијата, градот бил поплавен, а претседателот на Сејшелите, Вавел Рамкалаван, им наредил на сите граѓани да останат дома. Стотина луѓе се повредени во несреќата.

Експлозијата се случила во градежна компанија за вадење камен, каде што се чувале експлозиви, а зад себе оставила трага на уништување во индустриската зона Провиденс, пишува Би-Би-Си.






Оштетен е и меѓународниот аеродром, иако е оддалечен 4 километри од местото на експлозијата. Училиштата се затворени и единственото дозволено движење е влез и излез од островот за одмор.

Поврзани содржини