НЕТАНЈАХУ НАРЕДИ ДА СЕ УРНАТ КУЌИТЕ НА ТЕРОРИСТИТЕ ОД ХАМАС Одмазда за нападот во кој загинаа тројца Израелци
Палестинската милитантна организација Хамас ги пофали своите борци во соопштение со кое ја презеде одговорноста за нападот.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди уривање на куќите на двајцата терористи кои се одговорни за терористичкиот напад во Ерусалим, во кој загинаа тројца Израелци, како и апсење на оние кои ги поддржуваат
Палестинската милитантна организација Хамас ги пофали своите борци во соопштение со кое ја презеде одговорноста за нападот.
Напаѓачите се убиени. Едниот имал 30, а другиот 38 години. Станува збор за двајца браќа Мурад Мухамед Нимр (38) и Ибрахим Мухамед Нимр (30), кои претходно биле во затвор поради терористички активности. Тие живееле во предградието Сур Бахер во Источен Ерусалим.
Нетанјаху на денешната средба во Ерусалим со американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакнал дека ќе продолжи војната против Хамас.
На 7 октомври Хамас изврши серија терористички акции во Израел, во кои имаше повеќе од 1.200 мртви, по што израелската војска почна масовна воена офанзива на појасот Газа со над 11.300 загинати Палестинци.