ФИЛИПЧЕ, ВАСЕВ, НУХИ, БУХОВА, КРСТЕВСКИ, АХМЕТИ… Мизрахи посочи каде е политичката одговорност за Онкологија

Претставниците од СДСМ во Анкетната комисија ја обвинија претседателката дека прочитала заклучоци што се лично нејзини, а не на ова собраниско тело. Тие ја обвинија Мизрахи дека ја злоупотебила комисијата и побараа нејзина оставка.

339

Венко Филипче, Нино Васев, Нехат Нухи, Ирина Сотирова-Бухова, и екс-директорите на ФЗОМ, Стево Крстевски и Фатон Ахмети се главни виновници кои треба да понесат политичка одговорност за аферата на Онкологија, изјави Рашела Мизрахи, претседателка на собраниската Анкетна комисија за сомневањата за криминал на оваа клиника.

Овие заклучоци што ги изнесе Мизрахи за пратениците од СДСМ во комисијата беа неприфатливи. Претставниците од СДСМ ја обвинија претседателката дека прочитала заклучоци што се лично нејзини, а не на ова собраниско тело. Тие ја обвинија Мизрахи дека ја злоупотебила комисијата и побараа нејзина оставка.






Претставниците од СДСМ тврдеа дека Комисијата била формирана само за собирање политички поени, и рекоа дека тие имаат свои предлог-заклучоци во кои не се наведуваат имиња, туку се констатираат системски слабости во работењето на Клиниката и се сугерираат начини како да се подобри состојбата.

Во паузата од комисиската расправа, што ја даде Мизрахи, таа одржа прес-конференција, на која цитираше кои закони се прекршени и кои се институциите кои затаиле во работењето на Клиниката за онкологија.

Претседателката на Анкетната Комисија ја искритикува МАЛМЕД што на Анкетната комисија наместо документи за Онкологија им доставиле две кутии со по 1.900 страници архивски материјали за тоа како во земјава се набавувал инсулин. Таа информира дека до Владата пратиле барање за доставување документи за работат на Клиниката за онкологија, посочи дека такви материјали не доставиле од Владата.

Мизрахи истакна дека имаат сублимат дека од страна на ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија прекршени се 37 закони и 31 законска одредба.

Таа додаде дека два месеца „дише со законите за здравствена заштита“ и благодарение на тој посветен пристап, утврдила, според законите, кој е виновен и пропуштал дејствија.

Мизрахи истакна дека не е првпат пратениците на СДСМ да бараат оставка од нејзе, бидејќи, како што рече, ќе стои зад вистината и фактите.

Анкетната комисија беше формирана на барање на ВМРО-ДПМНЕ откако се појавија сомнежи за малверзации со билошката терапија на Клиниката за онкологија. Целта беше да се утврди хронологијата на настаните и евентуална политичка одговорност.

Заклучоците на Мизрахи предизвика кавга помеѓу пратениците. На членовите не им се допаднаа имињата кои беа предложени,

Пратениците на СДСМ наместо заклучоци, наведоа барања за вистината да излезе на виделина. Побараа оставка од Мизрахи. А меѓудругото, се правдаа дека за скандалот на онкологија виновен е системот кој 30 години наназад има слабости, а никако не е Филипче во чие време првпат била набавена биолошката терапија.

Мизрахи преку хронолошки детален извештај за работата на клиниката за Онкологија сакаше да ги поткрепи заклучоците дека политичка одговрност треба да има за шестте владини и здравствени функционери.

Заклучоците на пратениците од власта и од опозицијата се како ден и ноќ. Дали тие ќе успеат да се согласат, останува неизвесно.

 

Поврзани содржини