ОБВИНЕТИ СЕ 16 ШПИОНИ ВО ПОЛСКА Подготвувале саботажи во име на руски разузнавачи

Во јавноста има малку информации за идентитетот на обвинетите, освен дека се работи за странски државјани.

244

Полска обвини шеснаесет лица кои наводно биле дел од шпионска мрежа која соработувала со руските специјални служби.

Истрагата на полската агенција за внатрешна безбедност покажува дека групата дејствувала од јануари до март оваа година во градовите ширум земјата, соопшти Националното обвинителство во Варшава.






– Обвинетите извршиле активности, вклучително и идентификување на критичната инфраструктура, воени објекти и поморски пристаништа. Тие ги информирале своите клиенти за резултатите од извидувањето, за што добиле надомест – се вели во соопштението.

Обвинителството објави дека 16 лица биле дел од „шпионска мрежа“ која „соработувала со руската специјална служба“.

Се тврди дека тие „вршеле разузнавачки и пропагандни активности против Полска и подготвувале саботажни акти во име на руското разузнавање“.

Во јавноста има малку информации за идентитетот на обвинетите, освен дека се работи за странски државјани.

Поврзани содржини