ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ НА МЕНУВАЧНИЦА ВО ТАФТАЛИЏЕ Две лица со оружје ѝ се заканиле на вработената, одземена одредена сума на пари

Од СВР Скопје за Плусинфо велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и дека нема повредени во овој грабеж.

2,846

Две лица со употреба на оружје зеле пари од менувачница во скопската населба Тафталиџе, веднаш зад студентскиот дом Гоце Делчев, откако на вработената ѝ се заканиле дека ќе пукаат во неа, дознава Плусинфо од свои извори.

Настанот се случил точно во 13.50, за што ни пристигна и потврда од СВР Скопје.






Оттаму додаваат дека во менувачница на подрачје на општина Карпош, две лица со закана со оружје од вработената одзеле пари, но нема точни информации за колкава сума станува збор.

Од СВР Скопје за Плусинфо велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и дека нема повредени во овој грабеж.

Поврзани содржини