🎥 „АКО УБИВМЕ 4.000 ПАЛЕСТИНСКИ ДЕЦА, ТОА НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО!“ Поранешен советник на Обама малтретира уличен продавач на Менхетн
Снимките со провокациите на Сјуарт Селдовоци се проширија на Интернет во време на зголемени тензии меѓу произраелските и пропалестинските групи низ САД.
Стјуарт Селдовиц, поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама, е снимен како малтретира продавач на халал храна од Менхетен, нарекувајќи го „терорист“. Повеќе видеа објавени на Твитер покажуваат како Селдовиц го фотографира продавачот и дава исламофобични коментари.
„Ако убивме 4.000 палестински деца, знаеш што? Тоа не беше доволно“ – вели поранешниот советник за безбедност во Белата куќа.
Продавачот, кој не е идентификуван, бара од Селдовиц да си замине, а потоа се заканува дека ќе повика полиција.
this man is continuing to berate and harass the halal cart vendor. He ends the video with “if we killed 4,000 palestinian kids? It wasn’t enough”. pic.twitter.com/yhu4HSvIEZ
— Layla 🪬 (@itslaylas) November 21, 2023
Њујоршката полиција вчера соопшти дека не е поднесена пријава против поранешниот советник на Обама, но потврдија дека командирот на 19-тата станица знаел за снимките.
Снимките со провокациите на Селдовиц се проширија на Интернет во време на зголемени тензии меѓу про-израелските и пропалестинските групи низ САД. Тензиите се особено присутни во Њујорк, каде речиси секојдневно има демонстрации, а забележан е и пораст на антиисламските и антисемитските злосторства од омраза.
На снимката се гледа како Селдовиц се враќа на истата локација повеќе пати и секој пат одбива да замине.
„Ова е слободна земја – не е како Египет“ – вели тој во еден момент.
Во истиот клип, тој го нарече продавачот „неук“ затоа што не зборува англиски пред да продолжи да дава потсмешливи коментари за основачот на исламот, пророкот Мухамед.
Yet another video emerges of Obama advisor Stuart Seldowitz’s racist harassment of the same man selling food on the streets of New York.pic.twitter.com/9WZLnP3O7I
— Lowkey (@Lowkey0nline) November 21, 2023
Селдовиц телефонски за Њујорк Тајмс изјави дека не ја видел снимката, но дека се започнало откако го прашал продавачот дали е Египќанец. Тој тврди дека продавачот за време на разговорот му изразил поддршка на Хамас, иако ниту една од објавените снимки не го покажува тоа.
– Во тој момент прилично се вознемирив и му кажав работи за кои, во ретроспектива, веројатно се каам. Наместо да се фокусирам на него и на она што тој го кажа, се фокусирав на навреда на неговата религија и слично – признал поранешниот советник на Обама.
На прашањето зошто постојано се враќа на локацијата, тој одговори дека сака да провери дали продавачот „се уште е поддржувач на Хамас“.
И покрај тоа што неколку пати беше снимен како светата личност на религијата, пророкот Мухамед, го нарекува „силувач“, Селдовиц во изјавата инсистираа на тоа дека не е исламофоб.
– Работев со муслимани… Познавам многу луѓе кои се муслимани и арапи, кои многу добро ме познаваат и кои знаат дека немам предрасуди кон нив – вели Солдовиц, иако објавените снимки покажуваат нешто сосема друго.