📽 ТРАГЕДИЈА НА КОНЦЕРТОТ НА ТЕЈЛОР СВИФТ Почина 23-годишна обожавателка на пејачката
Иако причината за смртта на младата девојка не е објавена, на видеата на социјалните мрежи од настапот се гледа дека Свифт вели дека на луѓето им треба вода, се наведува и дека на преполниот концерт на Свифт температурата била блиску до 40 степени Целзиусови.
23-годишна обожавателка на Тејлор Свифт почина на концертот на пејачката што се одржа синоќа на стадионот Естадио Олимпико Нилтон Сантош во Рио де Жанеиро, се вели во соопштението на организаторите на шоуто во Бразил кое е дел од големата светска турнеја.
По трагичниот настан, пејачката се огласи на социјалните мрежи и истакна дека е скршена од тоа што се случило.
„Не ми се верува дека ги пишувам овие зборови, но со скршено срце велам дека изгубивме обожавателка вечерва пред моето шоу. Имам многу малку информации освен фактот дека таа беше толку неверојатно убава и премногу млада“ – напиша Свифт на Инстаграм.
View this post on Instagram
Организаторот на концертот, ја идентификуваше обожавателката како Ана Клара Беневидес Мачадо.
„Синоќа, Ана Клара се чувствуваше лошо и и веднаш реагираше тимот на пожарникари и болничари, а беше пренесена во медицинскиот центар на стадионот Нилтон Сантос за протокол за прва помош. Со оглед на ситуацијата, медицинскиот тим избра да ја префрли во болницата Салгадо Фиљо, каде по речиси еден час обиди за реанимација, таа за жал почина. На семејството и на пријателите на Ана Клара Беневидес Мачадо, нашето искрено сочувство“- се вели во соопштението на организаторот на концертот објавено на Инстаграм.
Иако причината за смртта на Мачадо не е објавена, на видеата на социјалните мрежи од настапот се гледа дека Свифт вели дека на луѓето им треба вода, а во еден момент таа фрлила шише со вода на некој од толпата.
🏟️| Taylor throwing a water bottle to a fan who needs help while singing All Too Well 💪 #RioTSTheErasTour pic.twitter.com/LfjPphKXI9
— Taylor Swift Updates 🩵 (@swifferupdates) November 18, 2023
Постојат сомнежи дека девојката починала за срцев удар. Меѓу другото се наведува дека на преполниот концерт на Свифт температурата била блиску до 40 степени Целзиусови.