ОВА Е НАЈНЕГАТИВНИОТ ИЗВЕШТАЈ ШТО СМЕ ГО ДОБИЛЕ ОД ЕУ Се знаат виновниците – СДСМ, ДУИ и Алијанса, вели коалицијата Европски сојуз за промени
Оваа влада, која мисли само за власт а не и за државата, е најантиевропската влада по 2017 година и затоа треба што поскоро да се делегитимира, смета Европски сојуз за промени.
Во време кога граѓаните чекаат добри вести од Брисел за отворање на преговорите и членство во Европската унија, Европската комисија во својот последен извештај дава оценка дека Северна Македонија стои многу лошо во поглед на судството и борбата против корупцијата – забележува Европски сојуз за промени во својата реакција.
„Секако, ова е жална вест за граѓаните на нашата земја, иако не е нова вест за нас. Коалицијата Европски сојуз за промени веќе подолго време предупредува дека за оваа влада интеграцијата во ЕУ не е примарен фокус, бидејќи таа е зафатена со бизнисот на игрите на среќа, како и со зголемување на нивото на корупција. Се разбира, власта отсекогаш имала објаснувања дека нашата позиција се должи на политичката опозиција, но кога некои амбасадори на земјите од ЕУ, а сега и самата Европска комисија, тврдат дека Северна Македонија стои лошо во однос на независноста на судството, нагласувајќи го контроверзното разрешување на првиот човек на Судскиот совет, не можеме а да не констатираме дека авторот и виновникот за ваквата состојба не е анонимен. Тој е во владата, составена од триото СДСМ-ДУ-Алијанса за Албанците, кои со своите антиевропски постапки го зацврстиле овој аргумент и за Европската комисија“ – се вели во реакцијата на ЕСП.
Коалицијата изразува жалење што имала право и во поглед на критиките на начинот на кој беа направени измените во Кривичниот законик.
„И покрај тоа што политичарите од власта се обидоа да манипулираат со јавноста на оваа тема, Европската комисија укажува дека начинот на кој е усвоен овој законик, потоа намалувањето на казните за одредени кривични дела и можноста со овие измени да застаруваат многу предмети од поранешното Специјално јавно обвинителство, се во спротивност со стандардите на правосудството на ЕУ. А кога зборуваме за застареноста на предметите на политичка корупција, не можеме да не го споменеме нашиот предлог за уставно санкционирање на предметите на политичка корупција, со тоа што тие никогаш не ќе може да застаруваат. Но, оваа влада наместо да го прифати нашиот предлог, го смени Кривичниот законик, со кој секојдневно застаруваат предметите на Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков и другите криминалци.
Истакнувајќи дека ова е најнегативниот извештај што го имала Северна Македонија од Европската унија, ние уште еднаш констатираме дека оваа влада – која мисли само за власт а не и за државата – е најантиевропската влада по 2017 година и затоа треба што поскоро да се делегитимира. Инаку станува се поопасна. Како и да е, тоа ќе се случи – ако не порано, секако на следните парламентарни избори.