🎥 ЕВРОПСКИ ШАМПИОН ВО БОКС УАПСЕН ВО МОСКВА Учествувал во тепачка и пукал во луѓе од обезбедувањето

Рускиот боксер Никита Иванов е уапсен по оружениот инцидент во Москва во кој учествува во тепачка, а потоа вади пиштол и пука кон обезбедувањето на ресторанот во кој бил.

504

Европскиот шампион во бокс Никита Иванов е уапсен во Москва, откако пукал во луѓе кои се обиделе да го задржат по тепачка.

По тепачка со три различни лица, Иванов извадил пиштол од јакната и почнал да пука во обезбедувањето на ресторанот во кој бил.






Боксерот прво се степал со гостин во ресторанот, а потоа и со двајца обезбедувачи. Потоа Иванов вади пиштол и пука во луѓето, а еден од присутните пред ресторанот успеа да му го одземе оружјето.

Целиот инцидент е снимен и објавен на социјалните мрежи.

По инцидентот Иванов е приведен.

-Човекот кој беше приведен поради пукање во близина на ресторан во центарот на Москва е идентификуван како Никита Иванов (37), европски шампион во бокс – изјави портпаролот на полицијата за руските медиуми.

Поврзани содржини