ПРАВДАТА ЌЕ ЈА БАРАМЕ ВО СТРАЗБУР Сашка Цветковска гледа скандал во пресудата за клевета во спорот со Кочо Анѓушев

Одлуката беше скандалозна и судијката која своевремено го заштитуваше Сашо Мијалков сега влезе повторно во заштита на Кочо Анѓушев, обвини уредничката на ИРЛ, Сашка Цветсковска.

839

Ова е скандалозна одлука, правдата ќе ја бараме во Стразбур. Ова го рече уредничката на ИРЛ, Сашка Цветковска, откако медиумот во којшто работи денеска беше осуден за клевета во спорот со бизнисменот Кочо Анѓушев.

– Одлуката беше скандалозна и судијката која своевремено го заштитуваше Сашо Мијалков сега влезе повторно во заштита на Кочо Анѓушев. Како што и самата ја образложи пресудата: приватното право, правото на бизнисот и на приватниот интерес биле посилни од слободата на говорот. Тоа е сè што има да се каже за оваа скандалозна пресуда. Првата пресуда против Мијалков оваа судијка ја изгуби во Стразбур, колегите од „Фокус“ го добија случајот, а истата постапка ќе ја тераме и ние – порача Цветковска.






Инаку, бизнисменот и поранешен вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев го доби спорот во скопскиот Граѓански суд против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и главната уредничка Сашка Цветковска за изнесените наводи во истражувањето „Заговор против воздухот“.

ПОРТАЛОТ ИРЛ ОСУДЕН ЗА КЛЕВЕТА ВО СПОРОТ СО КОЧО АНЃУШЕВ Компанијата се жали на нечесна игра на ЗНМ

Поврзани содржини