КОМУ МУ ПРЕЧИ МАКЕДОНИЈА КАКО РУДАРСКИ ЏИН? Грозданов во колумна за Нетпрес прашува кој нѐ турка во економска и политичка зависност од соседна држава

268

Зошто некому му пречи Македонија да влезе во ЕУ како рударски економски џин, прашува во најновата колумна Виктор Грозданов, објaвена на порталот Нетпрес.

На граѓаните на оваа држава треба да им се објасни дека нашата почва лежи на милијарди евра во рудно богатство и сите заедно треба да кажеме СТОП на сиромаштијата и никој да не нѐ држи во заложништво, пишува Грозданов. Тој вели дека никој од Македонија нема правен основ да ветува или да заштитува обид за задржување монопол врз одредена стопанска гранка, во овој случај рударството. И уште помалку има право да ветува дека тоа е завршена работа преку изјави на неодговорни општественици и неодговорни и крајно сомнителни документи од научно образовни институции како што е МАНУ. Македонија за нивна жал во одредени сегменти сѐ уште е организирана држава која има сериозни научници кои знаат и можат и мораат да се вклучат во процесот кој се вика „целосна индустријализација“, која ќе ја преобразат Македонија во „производствено“, а не во „потрошувачко општество“ кое ќе биде увозно зависно, особено за основните животни производи, вели Грозданов.






„Затоа овој период сме сведоци на еден општествен судир меѓу носителите (кои се извадени од рамнотежа) на подолго време пласираните манипулации и лаги од една страна и носителите на вистината за рударските околности од друга страна. Здраво разумните стануваат сѐ погласни пред неуките силеџии, и апелираат до оние исплашени аналитичари, политичари, новинари, екологисти, дипломати, научници… да не молчат, бидејќи влогот е преголем. На г-динот Блажо Боев дописен член на МАНУ и ректор на Универзитетот Гоце Делчев му предлагам да се повлече од сите функции од какви сака причини, додека е време. Да живее економски просперитетна Македонија!“, пишува Грозданов.

Во оваа колумна тој се осврнува и на демантот од матичната компанија на Бучим која отфрла секаква поврзаност со Русија. Целта на демантот вели тој е да се прекине по трагањето на вистината, цел која ја имаат и лажните еко активисти.

„Што велат архивите? Во 2012 имаше средба помеѓу Зоран Ставревски, министер за финансии и амбасадорот на Руската Федерација, Олег Николаевич Шчебрак, кој тогаш изјави дека големи РУСКИ компании покажуваат зголемена активност и набројува инвестиции меѓу кој и онаа на СОЛВЕЈ во рудниците САСА и БУЧИМ од 50 милиони долари и најавува потенцијал за размена од 1 милијарда долари. Симптоматично, тогаш не се јавила потреба за демант од Солвеј. Средба 2019 година по повод јубилеј 40 години од постоењето на Бучим помеѓу амбасадор на Руската Федерација Сергеј Баздникин, заедно со Владимир Хрисанов, трговски советник при амбасадата, во придружба на Ѓорги Дика претседател и Дејан Бешлиев – извршен директор, двајцата од македонско-руската комора и раководството на Бучим, предводено од Николајчо Николов, заменик-менаџер на компанијата. Разговорот е воден исклучиво за развојот на Бучим до 2030 година и тоа преку „НОВИОТ РУДНИК БОРОВ ДОЛ“, како и за развојот на Општина Радовиш. Симптоматично и после оваа средба нема демант на Солвеј“, пишува Грозданов

„Оваа хронологија на настаните дополнително инвестира во дилемата, каква е улогата на Бучим во креирањето на негативната перцепција на јавноста за отворањето нови рудници? Кои се мотивите некој да си го гази сопствениот углед? Зошто некој упорно сака Бучим да биде единствен суверен во рударството? Дали некој свесно уште повеќе нѐ турка во економска и политичка зависност од друга (соседна) држава?“, прашува Грозданов.

Поврзани содржини