ПОВЕЌЕ ОД 5.000 ФИРМИ И ГРАЃАНИ НЕ ГИ НАМИРИЛЕ ДАНОЧНИТЕ ОБВРСКИ Тие должат 197 милиони евра за данок, придонеси и царина

На новата листа се најдоа и 207 нови должници, со вкупен долг од 418 милиони денари.

0

Должничката листа на Управа за јавни приходи се зголеми на 5.018 фирми и граѓани. Тие не ги намириле своите обврски за даноци, царини и акцизи до крајот на април кои им доспеале на заклучно со 31 јануари 2026 година.

Нивниот вкупен нето-долг изнесува 197 милиони евра (12.127.971.312 денари) што е повеќе за 141.348.894 денари од претходната листа.. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.938.936.253 денари, (повеќе за 131.074.325 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 189.035.059 денари (повеќе за 10.274.569 од претходната листа)

На листата се 1.954 должници – правни лица (повеќе за 56 од претходната листа) и 3.064 физички лица (помалку за 14 од претходната листа).

Од претходната листа повторно се појавуваат 4.811 должници. Кај 3.091 од нив долгот е зголемен за дополнителни 177 милиони денари, додека 262 должници успеале да го намалат долгот за вкупно 207 милиони денари. Кај 1.458 должници состојбата останала непроменета.

На новата листа се најдоа и 207 нови должници, со вкупен долг од 418 милиони денари.

Од УЈП најавуваат дека во следната објава ќе бидат доставени информации и за преземените мерки за наплата кон овие субјекти.

 

Поврзани содржини