СДСМ ГИ ИЗБРКА МЛАДИТЕ И ПРОДОЛЖУВА ДА ШИРИ БЕЗНАДЕЖНОСТ Од друга страна, оваа Влада ја враќа перспективата

Последната прес-конференција на СДСМ е уште еден пример на неодговорна и деструктивна политика насочена кон ширење на апатија, безнадежност и чувство на безперспективност кај младите - рече Конески од ВМРО-ДПМНЕ.

0

СДСМ ги избрка младите од државата и денес со своите настапи повторно се обидува да шири безнадежност, додека Владата враќа надеж и перспективи, рече денеска на прес-конференција Тодор Конески, член на ИК на УМС.

Тој ја оцени последната прес-конференција на СДСМ како продолжение на, како што наведе, деструктивна политика која кај младите создава апатија и чувство дека нема иднина.

Во својот настап, Конески обвини дека СДСМ заедно со ДУИ во изминатите години создале систем со партизација, корупција и нарушена доверба во институциите, што, според него, придонело голем број млади да ја напуштат државата.

– Последната прес-конференција на СДСМ е уште еден пример на неодговорна и деструктивна политика насочена кон ширење на апатија, безнадежност и чувство на безперспективност кај младите – рече Конески.

Тој додаде дека наместо самокритика, опозицијата продолжува со, како што го нарече, наратив на страв и безизлезност.

– Со своите политики ги избркаа младите од Македонија – нагласи тој, обвинувајќи дека СДСМ денеска продолжува да ја засилува таа состојба преку политичка реторика.

Конески, од друга страна, ја пофали актуелната власт, тврдејќи дека се работи на создавање услови за останување и развој на младите преку образование, економска поддршка и можности за самостојно живеење.

– Ние ги повикуваме младите да останат дома, да ја сакаат и да ја градат сопствената држава – порача тој, додавајќи дека целта е создавање генерација што ќе придонесува за развој и конкурентност на државата.

На крајот Конески оцени дека разликата меѓу политичките пристапи е суштинска, нагласувајќи дека младите заслужуваат држава што ќе им даде причина да останат, а не, како што рече, држава на политички злоупотреби и страв.

Поврзани содржини