НАЈГОЛЕМА ВОЕНА МОБИЛИЗАЦИЈА ВО ПОНОВАТА ИСТОРИЈА Израел мобилизира 300.000 резервисти
Армијата го опиша повикот за мобилизација како најголем во израелската историја направен во толку краток временски период.
По големиот напад на милитантите на Хамас, Израел мобилизира околу 300.000 резервисти, потврди армискиот портпарол, пренесе ДПА.
Армијата го опиша повикот за мобилизација како најголем во израелската историја направен во толку краток временски период.
Хамас, радикалното движење кое го контролира Појасот Газа, во саботата почна ненадеен, масовен напад врз Израел, при што досега во него загинаа над 1.000 лица.
Истовремено, во Израел постои огромна загриженост за судбината на над 100 Евреи кои се киднапирани и одведени во Појасот Газа, пренесува ДПА.
Израел вчера прогласи воена состојба и одговори со контранапади врз Газа, во кои досега загинаа околу 500 Палестинци. Неколку илјади лица се повредени на двете страни од судирот.