ВИКЕНДОВ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ БАТАЛЕТЕ ГИ АВТОМОБИЛИТЕ В сабота предност имаат велосипедистите, а в недела маратонците

Вкупно 11.079 натпреварувачи од 53 земји, под мотото „Трчањето ќе ве промени“, ќе настапат на годинашното 19-то издание на атлетскиот Скопски маратон, меѓу кои ќе има и неколку маратонци од Кенија во машка и во женска конкуренција. Стартот на маратонот, полумаратонот и на другите вообичаени трки е закажан за во 8 часот, в недела.

1,301

Спортски викенд в Скопје, в сабота скопјани ќе може да ја проследат трката „Куп на Град Скопје 2024“, а пак в недела новото издание на „Визер скопскиот маратон“.

Поради тоа министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 30.09.2023 година (сабота) со почеток од 15.00 часот, поради одржување на велосипедска трка „Куп на град Скопје 2023“ ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.






„Трасата на движење ќе започне на ул.„Димитрије Чуповски” кај „Порта Македонија”, право по ул.„11 Октомври” кон зградата на Собрание на Република Северна Македонија до крстосницата со ул.„Филип Втори Македонски”, па лево по ул.„Филип Втори Македонски” до влезот на Градскиот трговски центар, потоа се поминува под Градскиот трговски центар и се доаѓа до „Порта Македонија”, каде се продолжува право по ул.„Димитрие Чуповски” сѐ до крстосницата со ул.„Даме Груев” кај ТЦ„Палома Бјанка” и назад по ул.„Димитрие Чуповски” сѐ до стартно/целната позиција“, велат од МВР.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува кон околните сообраќајници. MВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Вкупно 11.079 натпреварувачи од 53 земји, под мотото „Трчањето ќе ве промени“, ќе настапат на годинашното 19-то издание на атлетскиот Скопски маратон, меѓу кои ќе има и неколку маратонци од Кенија во машка и во женска конкуренција. Стартот на маратонот, полумаратонот и на другите вообичаени трки е закажан за во 8 часот, в недела.

Погледнете кои делови од Скопје ќе бидат затворени за движење в недела.

Поврзани содржини