ТАЏИКИСТАНЦИ ИСТЕПАЛЕ ПАКИСТАНЕЦ ВО ТЕТОВО Тројцата се студенти на Тетовскиот универзитет
Портпаролот на СВР Тетово, Мајан Јосифоски информира дека лицата претходно биле пријавени дека околу 10 часот, во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, меѓусебно физички се пресметувале.
Тетовските полицајци денеска околу 11 часот ги привеле М.Ф.(23) и А.Ш.(19) од Таџикистан и И.Т.(20) од Пакистан.
Портпаролот на СВР Тетово, Мајан Јосифоски информира дека лицата претходно биле пријавени дека околу 10 часот, во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, меѓусебно физички се пресметувале.
– Во пресметката, според пријавеното, учествувал и Х.Т.(21) од Пакистан, кој се здобил со повреди и набрзо бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против инволвираните кои, според првични информации, се студенти на овој Универзитет, ќе следуваат соодветни поднесоци – информира Јосифоски.