📽 ГО ДОНЕСОА ВО БОЛНИЦА СО ЛИСИЦИ НА РАЦЕТЕ Ранетиот напаѓач од Банско има прострелни рани и скршеница
Лицето имало прострелни рани, влезни и излезни рани, а од другата страна имало скршеница, изјави директорката на болницата во Јужна Митровица.
Директорката на болницата во Јужна Митровица соопшти дека еден ранет напаѓач на косовската полиција од вчерашниот инцидент во Бањско по укажаната лекарска помош е префрлен во Универзитетскиот клинички центар во Приштина, пренесува Косово Онлајн. Се работи за еден од припадниците на вооружена група.
Како што додаде таа, ранетиот има прострелни рани и скршеница.
– Тој дојде овде со стабилни параметри и со стабилни параметри беше однесен во Приштина, каде очекуваме дека ништо нема да му го загрози животот. Имаме свои екипи, но имаме и засилувања од Универзитетскиот клинички центар на Косово. Лицето имало прострелни рани, влезни и излезни рани, а од другата страна имало скршеница – рече таа.
Според косовските власти, се работи за околу 30 маскирани и униформирани лица, кои поседувале тешко оружје и нападнале во Бањско. По реакцијата на косовските специјалци, најмалку тројца од напаѓачите се убиени, а неколкумина се уапсени.