САНА МАРИН СЕ ПОВЛЕЧЕ И ОД ЧЕЛОТО НА ПАРТИЈАТА Поранешната финска премиерка се смета одговорна за поразот на изборите
Марин, која ја објави својата намера да поднесе оставка веднаш по поразот на изборите, беше најмладата премиерка на светот кога ја презеде функцијата во 2019 година на 34-годишна возраст, привлекувајќи го светското внимание.
Поранешната финска премиерка Сана Марин, која за малку ги загуби изборите во април, се повлече од функцијата претседателка на Социјалдемократите од левиот центар.
Марин го направи тоа со надеж дека ќе го тргне фокусот од нејзиниот личен живот по „турбулентни“ четири години.
Марин, која ја објави својата намера да поднесе оставка веднаш по поразот на изборите, беше најмладата премиерка на светот кога ја презеде функцијата во 2019 година на 34-годишна возраст, привлекувајќи го светското внимание.
Откако ја водеше земјата во текот на пандемијата на ковид-19 и економските превирања што ја снајдоа, Марин гласно ја бранеше Украина по руската инвазија минатата година и успешно лобираше да стави крај на воената неврзаност на Финска во корист на членството во НАТО.