ДВАЕСЕТ И ШЕСТ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА Луѓето сè уште доаѓаат и плачат на местото каде што загина
Иако е мртва речиси три децении, Дијана сè уште е една од најпопуларните личности на британското кралско семејство и на медиумите воопшто, а доказ за тоа е интересот за текстови, филмови и приказни за нејзиниот живот и смрт.
Денеска се навршуваат точно 26 години од смртта на принцезата Дијана во Париз. Иако е мртва речиси три децении, Дијана сè уште е една од најпопуларните личности на британското кралско семејство и на медиумите воопшто, а доказ за тоа е интересот за текстови, филмови и приказни за нејзиниот живот и смрт.
„Принцезата на народот“, како што ја нарекуваа, остави неизбришлива трага во светот. Милиони луѓе и ден-ден ѝ се поклонуваат на нејзината личност, хуманост и емпатија.
Но, фасцинацијата на луѓето со принцезата Дијана не се сведува само на кликнување и читање, многу нејзини обожаватели сè уште одат во Париз, над тунелот Понт де л’Алма, за да ѝ оддадат почит. Париз го одбележа местото на загинувањето на принцезата со плоча на која стои нејзиното име, а обожавателите секој ден доаѓаат, плачат, се молат и носат цвеќиња, свеќи и исечоци од весници за принцезата иако поминаа 26 години од трагедијата.
Ноќта меѓу 30 и 31 август, принцезата Дијана со својот парнер Доди ај Фајед, возачот и телохранител од хотелот „Риц“ тргнала кон станот на Доди на Шанзелизе. Автомобилот во кој се наоѓале принцезата Дијана и Доди, папараците го бркале со мотори, а возачот изгубил контрола над возилото во тунелот и се забил во столб. Принцезата Дијана починала по неколку часа во болница.

ФОТО: Инстаграм