ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ПАТОТ ЗА МАНАСТИРОТ ЛЕШОК Се очекува голема посетеност за Голема Богородица

Тетовската полиција информира дека, доколку се исполнат сите места на предвидените паркиралишта, возилата ќе можат да се оставаат на десната страна од патот.

119

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека се завршени планираните подготвителни активности за непречено и безбедно одржување на традиционалните свечености по повод претстојниот православен христијански празник Успение на Пресвета Богородица, попознат во народот како Голема Богородица, кои на 27-ми и 28-ми август ќе се организираат во манастирскиот комплекс во село Лешок.

Во рамките на овие активности, покрај другото, граѓаните се известуваат дека ќе биде воведен посебен сообраќаен режим кој ќе започне да се применува на 27-ми август (недела) во 16 часот и кој ќе трае се до завршување на празничните свечености.






– Во тие рамки влезот кон манастирскиот комплекс ќе биде од пред бензинската пумпа на „Лукоил“ кон селото Лешок, а излезот преку локалните улици кон селото Слатино. Одвивањето на сообраќајот во двете насоки ќе го регулираат полициски службеници на СВР Тетово. Покрај ова, на сите граѓани кои со возила ќе пристигнуваат до манастирскиот комплекс им се советува исклучиво да ги паркираат на паркиралишта, определени за таа намена и целосно да ги почитуваат наредбите на полициските службеници кои ќе го насочуваат движењето на возилата кон манастирскиот комплекс и обратно – информираат од СВР Тетово.

Тетовската полиција потенцира дека доколку се исполнат сите места на предвидените паркиралишта, возилата ќе можат да ги оставаат на десната страна од патот. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да не возат побрзо од дозволеното и да избегнуваат консумирање алкохол.

Поврзани содржини