БИЗНИС ВРЕДЕН 300 МИЛИОНИ ЕВРА ГО ПРОДАДЕ ЗА 1 ЕВРО „Хајнекен“ ја напушти Русија
Сите производи на брендот веќе се повлечени од рускиот пазар во 2022 година, а производството и продажбата на Amstel ќе бидат прекинати во следните 6 месеци.
Холандскиот производител на пиво „Хајнекен“ соопшти дека ја напушти Русија и ги продаде своите пиварници таму за 1 евро.
Како што објави холандскиот јавен сервис НОС, купувач е руската индустриска групација „Арнест“, која се обврза на рати да исплати околу 100 милиони евра од корпоративниот долг на „Хајнекен“.
„Хајнекен“ кој имаше седум пиварници и 1.800 вработени во Русија, ги проценува трошоците за напуштање на рускиот пазар на 300 милиони евра.
Сите производи на брендот веќе се повлечени од рускиот пазар во 2022 година, а производството и продажбата на Amstel ќе бидат прекинати во следните 6 месеци.
-Повлекувањето од рускиот пазар траеше многу подолго од првично очекуваното, но оваа трансакција ја обезбеди иднината на нашите вработени во Русија и ни овозможи да ја напуштиме оваа земја на одговорен начин – изјави извршниот директор на Хајнекен Долф ван ден Бринк.
Компанијата „Хајнекен“ беше присутна во Русија околу 20 години, но овој пазар не беше премногу профитабилен за холандскиот производител на пиво.