БЕЛГРАД БАРА ОБЈАСНУВАЊЕ ОД КИШЊЕВ ЗА БРЕГОВИЌ Зошто му е забранет влез во Молдавија?

Министерот Дачиќ истакна дека Бреговиќ настапувал насекаде низ светот и никогаш немал такви проблеми при посета на која било земја.

218

 

Министерството за надворешни работи на Србија побара објаснување од Министерството за надворешни работи на Молдавија за причините за одбивањето влез во таа држава за славниот музичар Горан Бреговиќ, јави дописникот на МИА од Белград.






Шефот на срспката дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека таквата одлука не е во согласност со традиционално пријателските односи меѓу Србија и Молдавија. Тој оцени дела одлуката предизвикала многу негативни реакции и наишла на осуда во Србија.

Дачиќ истакна дека Бреговиќ настапувал насекаде низ светот и никогаш немал такви проблеми при посета на која било земја.

Организаторите на Гитарскиот музички фестивал кој се одржува во Молдавија соопштија дека на Бреговиќ не му бил дозволен влез во таа земја иако веќе слетал на аеродромот во Кишињев.

Бреговиќ ѝ се извини на публиката што нема да може да настапи, бидејќи на аеродромот во Кишињев без објаснување не му е дозволен влез во земјата.

Поврзани содржини