📽 КОЛАПС НА МОСКОВСКИТЕ АЕРОДРОМИ, МНОГУ ЛЕТОВИ СЕ ОТКАЖАНИ Украинците ја напаѓаат Москва со дронови

На двата московски аеродроми Шереметјево и Внуково летови се откажани поради напад со беспилотно летало камиказа, наводно испратен од Украина, објави Дејли Мејл.

1,128

Сите аеродроми во Москва се во хаотична состојба, поради новите напади со беспилотни летала на руската престолнина.

На двата московски аеродроми Шереметјево и Внуково летови се откажани поради напад со беспилотно летало камиказа, наводно испратен од Украина, објави Дејли Мејл. Информацијата ја потврди и Руската информативна агенција РИА.






Според извештаите на надлежните служби, утринава во Москва се слушнале експлозии, а градскиот противвоздушен систем успеал да ги лоцира и да ги собори беспилотните летала.

Сепак, како што пренесуваат агенциите, две лица се повредени при пад на делови од соборениот дрон. Соопштено е дека остатоците од еден од двете беспилотни летала што денеска ги пресретнаа руските воздухопловни сили паднале врз градинарска куќа во градскиот округ Истра, пренесува „Известија“.

Покрај тоа, искршени се прозорците на три куќи. Службите за итна помош се на терен.

Министерството за одбрана на Русија претходно денеска соопшти дека две украински беспилотни летала се уништени над московскиот регион.

Едниот украински дрон е соборен од руската противвоздушна одбрана, а другиот е потиснат со електронско војување, пренесува РИА Новости.

Британски Дејли Мејл објави дека еден дрон паднал во близина на резиденцијата на главниот пропагандист на Путин, уредничката на Раша Тудеј, Маргарита Симонјан.

Поврзани содржини