📽 ДОДЕКА ЧЕКАМЕ, ЗОШТО ДА НЕ СВРТИМЕ ЕДНО ОРЦЕ? Срби на Табановце се развеселија за да „убијат време“
На социјалната мрежа Тик-ток објавено е видео снимено вчера на кое се гледа како млади, кои патуваат со автобус, вијат оро на музика од познатата „Цеца“ што ја изведува блех-оркестар, со трубачи, хармоникаши и тапанџии.
Туристи од Србија, кои се принудени долго да чекаат на граничниот премин Табановце за да ја поминат македонско-српската граница, го користат времето да завртат едно оро. На социјалната мрежа Тик-ток објавено е видео снимено вчера на кое се гледа како млади, кои патуваат со автобус, вијат оро на музика од познатата „Цеца“ што ја изведува блех-оркестар, со трубачи, хармоникаши и тапанџии.
Не е познато колку долго им требало на Србите да ја поминат границата, а според денешните информации на АМСМ за да се помине на Табановци, потребни се околу половина час. Прашање е дали половина час им е доволно на разиграните туристи да си го довршат орото. Според она што може да се види на видеото, младите играорци само што се загреаја.
@piratisakariba♬ original sound – laguna